Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, одби да седне на клупата на репрезентацијата на Португалија, пишува „Жорнал де Нотисијас“.
Португалците останаа без селектор откако Фернандо Сантош доби отказ по елиминацијата од Мароко во четвртфиналето на Светското пренство што се одржа во Катар.
Фудбалската федерација на Португалија (ФПФ), сакаше Мурињо ја предводи репрезентација во квалификациите за пласман на ЕП 2024, но трофејниот тренер им порача дека му е рано за да стане селектор и сака сè уште да работи во клуб каде има секојдневни обврски.
Мурињо има договор со Рома до 2024 година и планира да го одработи до крај.
Како кандидати за нов селектор на Португалија се споменуваат Руи Жорге и Луис Енрике, кој неодамна си замина од селекторското столче на шпанската репрезентација.