На Мурињо „топките за плажа“ му се виновни што Тотенхем не победи

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, смета дека топките со кои се играат натпреварите во ФА купот, се премногу лесни, и личат како на топки за на плажа, но тоа не била главна причина за неуспехот на неговиот тим кој после резултатот од 1-1 на гпсти кај Мидлсброу, сега мора да игра уште еднаш со истиот противник, но сега на свој терен.

Второлигашот поведе, а европскиот вицепрвак изедначи во второто полувреме.

„Мислам дека топките беа како за на плажа. Премногу беа лесни. Тоа не им помага на фудбалерите, тешко е да се контролира толку лесна топка, но тоа не е оправдување“ – изјави Португалецот кој смета дека во Премиерлигата се игра со подобри топки, а за голот на Флечер мсли дека ќе бил поништен ако имало ВАР.

„Голот на Мидлсброу беше од офсајд. Ако имаше ВАР, ќе беше поништен. Игравме добро во последните 20 минути, но не дадовме гол. Сакавме да победиме, но знаевме дека ќе биде тешко. Сепак, не сум разочаран, во Чемпионшип има добри тимови, подобро да има реванш отколку да испадневме“ – вели 56-годишниот Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести