За поразот на Надал во Австралија, виновна му беше Србинка (Видео)

Рафаел Надал испадна во второто коло на Отвореното првенство на Австралија откако со 4-6, 4-6, 5-7 загуби од Американецот Мекензи Мекдоналд, а за време на мечот Шпанецот имаше и приговори кон Србинката Маријана Вељовиќ, која беше главен судија на стол.

На Надал му пречеше што немал доволно време да оди да земе крпа за бришење на потта помеѓу два поени. Рафа сметаше дека Маријана прерано ја вклучувала стоперката која го мери времето.

„Не ми дозволуваш да земам крпа, а имам право на тоа. Секој пат брзам, дури и кога нормално сервирам, без да го земам пешкирот, на часовникот гледам пет, четири, три… Со тебе секогаш е исто. Пешкирот е на крајот на теренот, ми треба време. Ти не играш и не знаеш, барем пробај да сфатиш. Гајле ти е, ти не земаш пешкир“, ѝ приговараше Надал на Вељовиќ.

Судијката проба да му објасни, но Надал не сакаше да слушне образложение.

- Оглас -

Најнови вести