Рафаел Надал испадна во четврт-финалето на Отвореното првенство на Австралија во тенис, а неколку часа пред мечот имаше и една несекојдневна ситуација. Тој не ја носеше акредитацијата со себе, па човек од обезбедувањето не го препозна и на првиот носител на турнирот му бараше идентификациски документ.
Надал прво се чудеше како е можно да не го препознаат, но реагираше друг човек од обезбедувањето и му објасни на колегата дека треба да го пушти Шпанецот да влезе под трибинскиот простор. Рафа се поднасмеа, му прости на човекот, а други присутни се удираа по чело во шок како е можно некој од обезбедувањето да не го познава Надал.