-0.2 C
Skopje
среда, 10 декември 2025

На „најстудениот“ меч се случи и најголемото промашување во Лигата на Шампионите (Видео)

Каират и Олимпијакос го одиграа „најстудениот“ меч во Лигата на шампионите бидејќи температурата беше -21 степен, но на овој натпревар се случи и најголемото промашување.

Мароканскиот репрезентативец Ајуб Ел-Каби во 90-тата минута изби „очи во очи“ со домашниот голман, успеа да го мине, но кога се најде пред празната мрежа, топката ја упати само во стативата. На крајот Олимпијакос ја сочува предноста од 0-1 и победи на студеното гостување во Казахстан и покрај промашувањето на Мароканецот.

Ел-Каби пристигна во Олимпијакос пред две години и на 115 меча успеа да постигне 75 гола, а 15 од нив се постигнати оваа сезона. „Жртви“ на Мароканецот беа и Реал Мадрид и Барселона.

- Оглас -

Најнови вести