34.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

На Наполи не му треба Роналдо кога го има недопирливиот „Кварадона“

Директорот на Наполи, Кристијано Џунтоли, ги демантира гласините дека лидерот на табелата во Серија А во зимскиот преоден рок ќе се обиде да го ангажира Кристијано Роналдо.

Италијанските медиуми уште во летото пишуваа дека Наполи е еден од клубовите кои сакаат да го ангажираат Роналдо откако Португалецот побара од Манчестер јунајтед да го стави на трансфер-листата.

Сега, кога повторно се зголемија шпекулациите за заминувањето на Роналдо од јунајтед, медиумите повторно го вклучија Наполи како можен иден клуб на Португалецот. Директорот Џунтоли одлучи да стави крај на сите шпекулации.

„Роналдо во јануари доаѓа кај нас? Нема да донесеме никого, не ни требаат промениво овој тим. Одлично ни оди и не планираме да ангажираме никого”, изјави Џунтоли.

Џунтоли исто така ги демантираше шпекулациите дека Грузиецот Квича Кварацкелија ќе биде продаден откако за него интерес пројавија неколку гиганти, пред сè Манчестер сити и ПСЖ.

„Можам да ви кажам дека Кварацкелија 100 отсто е недопирлив“, рече Џунтоли.

Наполи игра одлично сезонава, лидер е во Серија А, а по пет кола во групната фаза во ЛШ има максимални пет победи, а еден од најзаслужните за тоа е токму Кварацкелија, кого навивачите на тимот од Неапол го нарекоа „Кварадона“ по нивниот миленик Диего Армандо Марадона. Кварацкелија во петте меча во ЛШ даде два гола и има три асистенции, додека во Серија А на 11 натпревари има постигнато пет гола и има три асистенции.

- Оглас -

Најнови вести