На навивачите ќе им се исполни сонот, Суарес по 16 години се враќа дома (фото)

Луис Суарес е пред сензационален камбек во матичниот клуб Национал по 16 години пауза.

Популарниот Ел Пистолеро очигледно не може да си ја исполни желбата и да остане во Европа барем уште една година. За да ја задржи натпреварувачката форма и да биде подготвен за Светското првенство во Катар, Суарес се одлучи да се врати во клубот каде ја почна неговата брилијантна кариера.

Како најава за сензационалнот трансфер, на вчерашниот меч на Национал дури 20.000 навивачи носеа маски со лицето на Суарес, кои го сонуваат неговиот камбек.

Инаку, се верува дека Суарес ќе потпише важечки договор со Национал од шест месеци.

- Оглас -

Најнови вести