На навивачите на Манчестер јунајтед не им се верува како Ливерпул им го „украде“ посакуваното засилување

Едно од откритијата на Мундијалот во Катар, Холанѓанецот Коди Гакпо, беше виден како јануарско засилување на Манчестер јунајтед, па затоа шокантно делуваше синоќешната објава на ПСВ Ајндховен дека се договориле со Ливерпул за трансфер на напаѓачот.

И 23-годишниот Гакпо изјавуваше дека би сакал да игра за Манчестер, но Црвените беа побрзи и доведоа играч кој може да игра на двете крилни позиции и како „деветка“, а тоа ги разбесни фановите на Јунајтед, кои ги обвинија газдите за неспособност.

Од ПСВ објавија дека трансферот е најбогат во нивната клупска историја. Се шпекулира со сума од 42 милиони евра, која со бонуси може да дојде и до 57 милиони.

- Оглас -

Најнови вести