На него му е најтешко, за помалку од еден месец ги загуби големите пријатели Синиша и Џанлука

Смртта на Синиша Михајловиќ го шокира светот кон средината на минатиот месец, а денеска си замина уште еден фудбалски великан, Џанлука Вијали, а овие вести, освен семејствата на поранешните фудбалери, најмногу го погодија актуелниот италијански селектор Роберто Манчини.

Манчини беше голем пријател и со Михајловиќ и со Вијали, кои ги сметаше како свои браќа. Манчини играше заедно и со Синиша и со Џанлука, а потоа ги зема како помошници.

https://twitter.com/ErisxJune/status/1611299999630983168?s=20&t=zzDMeaRHBrmlL9cdzxc4TQ

Михајловиќ му беше помошник на Манчини во Интер кога Италијанецот седеше на клупата на Нераѕурите од 2006 до 2008 година.

Вијали пак беше неформален член на стручниот штаб на репрезентацијата на Италија која под водство на Манчини во 2021 година триумфира на Европското првенство откако во финалето ја совлада Англија по подобро изведување пенали

- Оглас -

Најнови вести