Ненад Димитријевиќ ги навикнува навивачите да постигнува атрактивни тројки за Македонија. Овојпат акробацијата на Нено беше против Словачка, не шутна од пола терен за победа како што беше против Данска пред три дена, но и овој кош и тоа како е маестрален.
На истекот од нападот, нашиот Нено успеа некако да изгради простор за шут и со звукот на сирената стоејќи на една нога ја „плесна“ тројката со која го отвори патот до втората победа на нашата селекција во претквалификациите за Евробаскетот 2025.
Мечот го заврши како најефикасен од нашиот состав со 20 поени и 7 асистенции.