На Несторовски му лежи Шибеник, по втор пат сезонава му даде гол на овој тим

На македонскиот напаѓач Илија Несторовски му требаа само три минути за да даде гол во дресот на Славен Белупо на гостувањето против Шибеник во меч од хрватската фудбалска ХНЛ лига.

За Несторовски ова е трети гол во дресот на Славен, а втор против Шибеник, против овој тим даде гол и на првиот нивен меѓусебен дуел сезонава на 25-ти октомври. Брзо после тоа популарниот Нестор се повреди, имаше и суспензија поради жолти картони, па немаше играно долго време. Се врати пред една недела против Хајдук, а и денеска беше стартер и даде гол за водство на неговиот тим од 1-0.

 

- Оглас -

Најнови вести