Никому до сега не му „успеало“ тоа што го направи: Адетокумбо е негативен рекордер во НБА-лигата

Грчкиот интернационалец Јанис Адетокумбо е негативен рекордер во НБА-лигата по синоќешниот пораз на Милвоки од Индијана со 126-124. Јанис имаше ефект од 54 поени, 12 скока и ефект од 75% на шут од поле. Досега никогаш во историјата не се случило да загуби екипата која има кошаркар кој постигнал над 50 поени на еден натпревар.

Со ефектот од 54 поени, Адетокумбо само за еден поен не го израмни својот личен рекорд од 55 поени на еден НБА-натпревар, а по мечот кусо прокоментира: „Воопшто не е важно дали ќе постигнете 54, 45 или само пет поени. Ние на овој натпревар против Индијана научивме многу добри работи кои ќе ни користат во иднина“.

- Оглас -

Најнови вести