Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18:30 часот ќе игра на гости кај Словенија, во меч од четвртото коло во квалификациите за пласман на Европско првенство. Овој меч може да се означи како најтежок во историјата на нашата ракометна селекција, ако се знае дека ноќеска се случи незапамтена трагедија во Кочани.
Во пожар во една дискотека во Кочани загинаа над 50 млади луѓе, а повредени се преку 100. И покрај оваа трагедија, ракометарите ќе мора да излезат на теренот во Копер против фаворизираниот домаќин, затоа што се работи за дуел од меѓународен карактер.
Пред само неколку дена, Словенија победи во Скопје против Македонија покажувајќи ја силата. Ќе биде вистинско изненадување ако Македонија успее да остане непоразена во Копер.
Мечот ќе започне со едноминутен молк, за да се оддаде почит на загинатите во кочанската трагедија. Челниците на РФМ побарале мечот да биде одложен, но добиле негативен одговор, па мечот ќе се игра.