Манчестер јунајтед изминативе години е далеку од формата и резултатите од минатото.
Впрочем, овој тим веќе десет години нема освоени титула во Премиер лигата, додека воопшто последниот трофеј му беше дури пред пет години.
Дека во моментов работите стојат лошо, говори и информацијата дека Мартин Дубравка, 33-годишен голман на Њукасл, одбил да премине во редовите на Манчестер на последниот ден од јануарскиот трансфер-период.
Во спротивен правец требало да замине Дин Хендерсон, но словачкиот чувар на мрежата не сакал да чуе заминување од Њукасл.
Тој на голот на Њукасл е од 2018 година и има забележано 99 настапи.