13.8 C
Skopje
сабота, 18 октомври 2025

На ниту еден меч во шпанското првенство нема да може да се видат првите 15-тина секунди на ТВ пренос

Фудбалерите на Овиедо и Еспањол синоќа стоеја, без да играат, во почетните 15-тина секунди од мечот. Тоа беше така во знак на протест, откако челниците на Примера дивисион одлучија мечот меѓу Вилјареал и Барселона да се игра во Мајами, САД.

Ова ќе биде прв пат еден натпревар од шпанското првенство да се игра надвор од земјата, а се работи само поради комерцијални причини.

Токму затоа, клубовите решија да протестираат поради оваа одлука, меч од шпанско првенство да се игра далеку надвор од земјата и тоа на друг континент, па решено е сите средби во ова коло да започнат со 15-тина секунди бојкот на мечот, односно фудбалерите само да стојат на теренот.

Интересно е дека на дуелот Овиедо и Еспањол, протестот на фудбалерите не беше даден на ТВ преносот, односно челниците на лигата не сакаат да се даде големо значење на овој потег на фудбалерите, па се очекува сите натпревари во ова коло, во првите 15-тина секунди да започнат со некоја панорама и да не се покажува што се случува на теренот.

- Оглас -

Најнови вести