Екипата на Индијана пејсерс е во одлична серија и има пет победи на последните пет меча. Две од овие пет триумфи се по продолжение, што само потврдува дека овој тим има победнички карактер.
Индијана вечерва на свој терен игра против Лос Анџелес лејкерс, ривал кој е во мини-криза затоа што има три порази едноподруго.
Денвер нагетс и без Никола Јокиќ на теренот се очекува да слави против Милвоки бакс, а домашниот терен треба да биде адут и за Бруклин против Торонто.
Во понудата за „плус-минус“ поени има повеќе од 50-мина играчи. Лука Дончиќ е на граница од 29,5 поени, а прашање е дали Леброн Џејмс ќе биде над 24,5 поени. Јанис Адетокумбо е во топ-форма, па затоа според многумина, границата од 31,5 поени нема да биде проблем за центарот на Милвоки.