39.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

На Новак му здосади да зборува за пензија: За тоа зборував неколку пати (Видео)

Новак Ѓоковиќ успешно го продолжува походот кој одбраната на титулата на Отвореното првенство на Австралија која би била 11-та во Мелбурн и 25-та грансслем-титула во кариерата, но за новинарите поинтересно е да пишуваат за неговото пензионирање отколку за неговите резултати.

Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на првиот годинешен гранслем-турнир откако во осминафиналето на убедлив начин со 6:0,6:0,6:3 го победи Адријан Манарино, а на прес-конференцијата мораше да зборува за неговите планови за пензија.

„За тоа зборував неколку пати досега. Чувствувам дека не сакам да го напуштам тенисот кога сум во добра позиција и кога сум прв тенисер на светот. Кога нема да можам да се борам за титулите на гранслем-турнирите – тогаш ќе размислувам за пензија. Нормално, се може да се промени, не сум тинејџер, јас сум татко, сопруг и има доста работи во кои уживам во приватниот живот и има работи кои бараат мое присуство. Ќе видиме до кога ќе трае“, изјави Ѓоковиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести