На новиот миленик на фановите на Наполи му беше украден автомобилот, па му беше вратен за помалку од 24 часа

Грузискиот репрезентативец Хвича Кварацхелија, кој изминатото лето пристигна во Наполи во трансфер вреден 10 милиони евра и со одличните игри веднаш им стана миленик на навивачите, кои го нарекоа Кварадона, вчера остана без автомобил, но приказната имаше среќен крај.

Популарниот Кварадона, како што го нарекуваат фановите на Наполи, вчера остана без автомобил откако разбојници провавиле во неговиот дом додека тој спиел и му ги украле клучевите од возилото.

Но, за помалку од 24 часа полицијата го пронашла автомобилот надвор од Неапол и му го вратила на фудбалерот.

Кварацхелија не е првиот фудбалер на Наполи кој бил цел на разбојници, пред него и Марек Хамшик во два наврати остана без автомобил, додека Езекиел Лавеци остана без скапоцен часовник кој морал да им го даде на разбојници бидејќи му впериле пиштол во главата, и тоа на раскрсница.

- Оглас -

Најнови вести