На новиот португалски селектор годините не му се важни, ги повика Роналдо и Пепе!

Роберто Мартинес, кој е нов португалски селектор, им верува на ветераните и смета дека на тимот му е потребно и искуство, па за мартовски мечеви ги повика Кристијано Роналдо и Пепе, кои заедно имаат речиси 80 години, но уште имаат што да понудат.

Португалија ќе игра со Лихтенштајн и Луксембург, а ексбелгискиот селектор сегашен на Португалија не се откажува од големиот Роналдо, кој има рекордни 196 настапи и 118 гола за националниот тим.

Покрај Роналдо, во нападот се: Диого Жота, Гонсало Рамош, Жоао Феликс и Рафаел Леао.

- Оглас -

Најнови вести