На одбојкарите им е потребна поддршка, влезот е слободен за мечот против Црна Гора

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва (20 часот) го игра последниот натпревар од Европската Златна Лига, а за противник ја има селекцијата на Црна Гора.

Со оглед на тоа што Македонија има два пораза зад себе, Одбојкарската федерација ги отвори вратите на СЦ „Парк“ во Струмица. За оние кои нема да можат да го следат натпреварот на лице место, обезбеден е и директен телевизиски пренос на националната телевизија.

По пет одиграни натпревари во Златната лига, Македонија има четири порази и една победа. Новата шанса за триумф е токму вечерва, во последниот натпревар од годинешното издание.

- Оглас -

Најнови вести