За летните Олимписки игри кои во 2028 година ќе се одржуваат во Лос Анџелес, во конкуренција за нова дисциплина влегува „нинџа воин“.
„Нинџа воин“ во 90-тите години беше ТВ-емисија во креација на една јапонска телевизија, која подоцна доби светска популарност. Во последно време се наметнува како спортска дисциплина, а веќе ова лето ќе се тестираат официјални натпреварувања.
„Нинџа воин“ треба да го замени јавањето како петта дисциплина во модерниот петтобој, заедно со мечување, гаѓање со пиштол, пливање и трчање.