1115 – Манчестер ј. – Ливерпул (16:30)
Се уште е свежо сеќавањето на дуелот помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул во четвртфиналето од англискиот ФА куп, кој го добија „црвените ѓаволи“ со 4-3 после продолженија. Ефикасно се очекува да биде и на денешниот натпревар од Премиер лигата, на кој Ливерпул ќе бара враќање на лидерската позиција, а Јунајтед ќе се обиде да го сопне најголемиот ривал. Манчестер јунајтед има серија од пет натпревари на кои паднале по најмалку два гола, додека кај Ливерпул таа серија е шест натпревари.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.75)
1117 – Тотенхем – Нотингем ф. (19:00)
Тотенхем заостанува три поени од четвртопласираната Астон вила, но има и два натпревари помалку од конкурентот за пласман во Лигата на шампионите. Еден од тие два меча е токму денешниот против Нотингем форест, на кој доколку победат, бодовно ќе се израмнат со Астон вила.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.81)
1543 – Порто – Гимараеш (21:30)
Екипата на Порто одамна ги загуби шансите за титулата во првенството на Португалија, но сега води битка за третата позиција со екипата на Брага. За да се задржи на моментната позиција ќе мора да го победи составот на Викторија Гимараеш, кој во моментов е петти на табелата. Порто е во серија од 11 победи по ред против денешниот противник, а нема загубено од 2018-тата година.
Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.15)
3133 – Радник С. – Црвена ѕвезда (16:00)
Актуелниот шампион на Србија, но и лидер на табелата, Црвена ѕвезда, за противник ја има убедливо насјалабата екипа во српското првенство, Радник од Сурдулица. Се освен убедлива победа за белградските „црвено-бели“ ќе биде првокласна сензација, а гостинските фудбалери ќе се обидат до победат да дојдат што е можно порано, односно уште во почетната фаза од мечот.
Предлог тип: 2 & 2+ пол. (1.89)
3145 – Динамо З. – Истра (17:00)
Фудбалерите на Динамо Загреб двапати во пет дена го победија најголемиот ривал, Хајдук, на негов терен со идентични 0-1, па дуелот против Истра во првенството на Хрватска изгледа како лесна задача за Ристовски и Адеми и соиграчите. Динамо има пет бода помалку од лидерот Ријака, но и меч помалку, па со евентуална победа сериозно ќе се вмеша во трката за одбрана на тирулата во хрватското првенство.
Предлог тип: 1 & 0-29min (1.79)