На „Олимпико“ седум гола, тепачка, црвен картон, фалеше само Мурињо! (Видео)

Рома дома загуби од Сасуоло со 3-4, во возбудлив меч од Серија А, а штета е што на клупата на Волчицата го немаше суспендираниот Жозе Мурињо, тој сигурно ќе имаше што да каже после вакви случувања на теренот.

Во финишот на првото полувреме при 2-1 за Сасуоло, црвен картон доби играчот на Рома, Кумбула, кој го шутна Берарди, а фановите на римскиот клуб се лути што немало реакција од ВАР бидејќи пред Албанецот да го удри Берарди, Италијанецот го поткачи Кумбула во меѓуножјето.

Дибала со прекрасен гол намали на 2-3, но Сасуоло даде уште гол за ставање печат на победата, пред домашните да дадат гол во финишот за конечни 3-4.

Еве го потегот кој предизвика хаос на теренот и исклучување:

- Оглас -

Најнови вести