Орландо меџик – Голден стејт вориорс (01:00 часот)
Шампионот негува убава и долга традиција против Орландо. Седум години доминација и 11 последователни победи, јасно е дека само магија ќе може да му помогне на домаќинот ноќеска да стигне до триумф. Мотив на Орландо треба да му биде борбата за местата кои водат во плејофот. Kошаркарите на Стив Клифорд се наоѓаат на деветтата позиција во Источната конференција, со еден пораз повеќе од Шарлот, а доколку вечерва изненадат против „воините“, може да се надеваат на разигрувања.
Предлог тип: Т2 >57.5 II (1.97)
Хјустон рокитс – Мајами хит (02:00 часот)
По поразите од Лејкерс и Минесота, Хјустон влезе во серија од три победи, а ноќеска треба да ја оправда фаворитската улога и против Мајами. Иако на Џејмс Харден му заврши серијата со 30+ поени, која застана на 32 меча, Брадата ноќеска ќе треба повторно да блесне и да го одржи ритамот на својата екипа.
Последната средба на овие две екипи се одигра во декември минатата година, а тогаш Мајами како домаќин славеше со минимални 101:99. Сепак, сега се очекува поинаков исход, Хјустон нема право на кикс против една од послабите екипи од Истокот.
Предлог тип: Џ. Харден >34.5 (1.90)
Оклахома сити тандер – Филаделфија севентисиксерс (02:00 часот)
Дербито на вечерта се игра во Оклахома, гостува „процесот“, односно амбициозната екипа на Сиксерси. Секогаш е тесно кога играат овие две екипи меѓу себе, што се однесува за резултатот, но Оклахома секогаш има победнички рецепт, а за тоа говори и нејзината серија против Филадефлија од девет последователни победи.
Филаделфија може да се надева на позитивен исход бидејќи Тандерси бележат два порази во низа, а Сакраменто пред неколку дена покажа како се победува во „Чесапик енерџи арената“. Сепак, отсуството на двајцата центри, Ембид и Марјановиќ, значително ќе им ја отежни работата на вечерашните гости.
Предлог тип: <237.5 (2.0)
Бостон бруинс – Тампа беј лајтнинг (01:30 часот)
Сите со нетрпение го чекаат овој дуел, лидерот од Истокот гостува кај вториот најдобар тим од оваа конференција, јасно е дека се карактеризира како големо дерби. Тампа беј е во страшна форма, 10 победи во низа, а хокејарите се убедени дека никој не може да им застане на патот. И против Бостон имаат позитивен учинок, бележат пет последователни победи во кои само еднаш дозволиле три погодоци во својата мрежа.
Се очекува да биде неизвесно до самиот крај на мечот, а нема да биде изненадување победникот да се одлучува и во пенал-серија.
Предлог тип: X пол. (2.70)
Њујорк ајлендерс – Торонто мејпл лифс (01:00 часот)
Дерби се игра и во Големото Јаболко, Ајлендерс ја пречекута третата најдобра екипа од Истокот, тимот на Торонто мејплс лифс. „Островците“ само еднаш се радуваа против „јаворовите листови“ во последните пет меѓусебни пресметки, тоа беше во гостинскиот триумф од 4-0, остварен на 30-ти декември минатата година.
Торонто гостува со високо ниво на самодоверба и серија од три победи во низа, а нивната цел е таа да ја продолжат на четири. Во случај на пораз на Бостон од Тампа беј, Торонто со победа може да избие на втората позиција на Истокот.
Предлог тип: >6.5 (2.40)