Зенит успеа со 3-1 да го победи Фенербахче и да се пласира во осминафиналето од Лигата на Европа. Рускиот тим загуби на првиот дуел во Истанбул, но на реваншот пред своите навивачи стигна до резултат кој го води понатаму.
Играчите на Зенит имаа посебен мотив да одиграат на врвно ниво и да ги израдуваат своите навивачи, кои пред мечот приредија феноменален пречек. Навивачите беа наредени покрај улицата по која доаѓаше автобусот со играчите на Зенит, кога наеднаш направија феноменална атмосфера палејќи стотици факели.