На овој голман треба да му се забрани да игра со нога (Видео)

Шефилд вензди со 3:1 победи на гости кај Блекбурн во меч од 44-тото коло на Чемпионшип во Англија, а дуелот го одбележа несмасниот автогол на домашниот голман. Гостите водеа со 2:1, а домашниот тим требаше да започне со напад.

Еден од дефанзивците ја врати топката кон голманот Перс, а овој иако немаше притисок од ниту еден противник, едноставно ја промаши топката, која потоа доби ротација и заврши во неговата мрежа.

Ова беше дуел на две екипи кои се борат за опстанок, а Шефилд со трите освоени бодови излезе од зоната за испаѓање. Овој тим сега има 47 бода, еден повеќе од Бирмингам, кој е во зоната за испаѓање. Блекбурн остана на 49 бода.

- Оглас -

Најнови вести