На овој уникатен стадион ќе се играат натпревари од Серија А (фото)

Уникатниот стадион „Перлуиџи Пенцо“ ќе ја краси италијанската Серија А од следната сезона, откако Венеција вчера обезбеди пласман во елитата првпат од сезоната 2001/02.

Со израмнувачки погодок на Бокалон во судиското надополнување за 1-1 против Читадела, Венеција го доби двомечот со вкупен резултат 2-1 во финалето од плејофот и како трета екипа заедно со Емполи и Салернитана се приклучи на највисокиот ранг на италијанскиот фудбал.

Стадионот на новиот калчолигаш е прекрасен и уникатен поради местоположбата, што ќе додаде на убавина при следењето на натпреварите од италијанскиот шампионат.

- Оглас -

Најнови вести