На Пандев Академците сакаат појак ритам од бавната романтика, го декласираа Работнички со 5:0

Академија Пандев беше немилосрдна кон скопските романтичари и го декласираа Работнички во Скопје со 5:0.

Блескаше Ване Крстевски со хет-трик во дербито на второто коло во македонската Прва лига, гол за струмичани постигна и Горан Томовски, а еднаш домаќините сами си ја затресоа мрежата.

Ова е еден од најтешките порази за популарните Романтичари од Дебар Маало.

На останатите три меча имаше интересни резултати и малку голови.

Шкендија играше како домаќин во Струга и не успеа да го победи Силекс, иако долго водеше со 1:0 со голот на Дашмир Елези во 17. минута.

Кратовци го шокираа фаворитот со израмнувачки гол во 91. минута.

Во Прилеп, но гостите од Кавадарци, екипата на Тиквеш ја победи Победа со 1:0, а и Струга победи на гости и во Штип падна Брегалница исто така со еден гол.

Вчера Шкупи ја победи Македонија Ѓорче Петров со 2:1.

 

- Оглас -

Најнови вести