Дани Парехо од денес е нов член на Вилјареал откако заедно со Францис Кокелан ги напуштија редовите на Валенсија. Двајцата играчи за врска во пакет чинеа околу 13 милиони евра, Шпанецот по девет години ја напушти „Месталја“, каде што досега ја имаше улогата на капитен.
На Парехо тешко му падна заминувањето, по што не издржа и пушти солзи на среде интервју за шпанскиот ТВ канал „Ел Чирингито“. Парехо ја објасни ситуацијата со неговиот најстар син, кој го прашал зошто воопшто мора да го смени клубот.
„Син ми ме знае како играч на Валенсија, па ме праша зошто мора да играм за друг клуб. Му одговорив дека тоа е дел од работата“, раскажа Дани, по што му проработеа емоциите.
https://twitter.com/elchiringuitotv/status/1293562791144628225