1708 ПСЖ – Тулуз (21 ч.)
Последен меч за ПСЖ на домашен терен сезонава и ќе биде интересно да се види дали Мбапе ќе игра. Светците се прваци, Тулуз е спасен и без многу амбиции, па ова може да биде дуел на кој ќе се игра без притисок и да донесе повеќе погодоци.
ПСЖ има осум победи и две реми во последните 10 средби со Тулуз и таа доминација треба да продолжи.
Предлог тип: 1Х&2-4 (1.79)
3007 Јувентус – Салернитана (18 ч.)
Салернитана е убедливо последна и веќе мисли ја Серија Б, додека Јувентус кој има четири реми во низа, сега падна на четвртото место на табелата и ако не освојува бодови, може да се случи да останат без позиција која води во Лигата на шампиони.
Старата дама треба без многу мака да слави и да има погодоци во двете полувремиња, секако во мрежата на гостите.
Предлог тип: 1-1&3+ (1.85)
1808 Баерн Минхен – Волфсбург (17:30 ч.)
Волфсбург нареди три победи по ред и со тие девет бодови, екипата сигурно се спаси да не испадне. Сепак ќе биде многу тешко да се очекува триумфалната низа на Волфсбург да продолжи и во Минхен на „Алијанц Арена“.
Кога играат овие два тима головите се како загарантирани, а Баерн има 13 победи и две реми во последните 15 меѓусебни пресметки.
Предлог тип: T1 1+I& 2+II (3.25)
1309 Бетис – Алмерија (21 ч.)
Бетис влезе во добра форма во финишот на сезоната и сега се бори за место кое носи излез во Европа. Алмерија нема за што да се боди и е испадната, но во минатото коло го победи Рајо Вајекано и тоа на гости.
Тоа беше само втора победа за Алмерија сезонава и реално ќе биде чудо ако тој добар ритам продолжи.
Предлог тип: 1-1 (1.99)
1544 Порто – Боависта (21:30 ч.)
На Порто може да му биде загрозено третото место на табелата кое носи директен пласман во групната фаза од Лигата на Европа, па затоа гигантот треба да освојува бодови до крајот, посебно на домашен терен.
На Боависта ѝ гори затоа што може и да испадне, но факт е дека гостите нема што многу да бараат на овој дуел против португалскиот гигант.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.74)