На Планица поставен светски рекорд, но не во ски-скокови (Видео)

Словенечкиот професор по физичко воспитување, 32-годишниот Миха Главич, со велосипед „БМХ“ имаше храброст да се спушти по скокалницата Планица и притоа по снегот разви брзина дури од 128,5 километри на час, што е светски рекорд.

Професорот од Словењ Градец има 32 години, веќе три години бараше да го направи ова, но досега не му беше дадена дозвола. Специјално направениот велосипед за снег немаше тркала, туку три скии.

Главич на кагицата имаше камера со која го снимаше своето спуштање со велосипедот кое траеше 15-тина секунди.

„Кога силите на гравитацијата почнуваат да работат, немате време да се свестите колку брзо возите. Забрзувањето е побрзо од тоа на тркачки автомобил“, рече Главич, кому при спустот срцето му чукало 182 пати во минута.

Погледнете од негова перспектива како изгледа кога по надолнина „летате“ со велосипед со брзина речиси од 130 километри на час:

- Оглас -

Најнови вести