Сите најави се дека Маурисио Покетино ќе биде нов тренер на ПСЖ, а аргентинските медиуми веднаш тргнаа во акција да анализираат каков е неговиот однос со Лионел Меси и дали е можно двајцата Аргентинци да бидат заедно со парискиот клуб во следната сезона.
Заедничко на Покетино и Меси им се две работи, поврзаноста со клубот Њуелс олд бојс и Каталонија. Покетино е бивш член на шампионскиот тим на Њуелс, а тоа е омилениот аргентински клуб на Меси. Меси неодамна, кога го даде голот во чест на Марадона, прослави во дрес на Њуелс со броот 10.
Покетино во минатото изјави дека сон му е за десетина години да го тренира Меси во Њуелс. Покетино долго време живее во Шпанија, пауза направи само кога го тренираше Тотенхем. И Меси од дете е во Барселона. Покетино е човек на Еспањол, беше и кандидат за тренер на Барса, но клубот се реши за Роналд Куман.
Во февруари Барселона треба да игра против ПСЖ во осминафиналето на ЛШ, тоа ќе биде дуел на тимот на Покетино против тимот на Меси.