Типувањето за 19-тото коло од оваа сезона во најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, e на половина (може да се прогнозира до сабота во 14 часот), а веќе се наѕираат некои од фаворитите.
Најголема поддршка од прогнозерите има Севиља. Дури 87% од тие што веќе се изјасниле веруваат во триумф на екипата од Андалузија против Алавес. Кај голем дел од паровите во Среќна 13-ка има типови со над 50 проценти.
Огромен фаворит на мнозинството е и Интер од Милано, кој дома го пречекува Јувентус во најголемото италијанско дерби. Две третини од прогнозерите мислат дека Интер ќе победи, а двојка на Јуве досега одиграле само 7,88 отсто од играчите.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.


