За прв пат во историјата на еден официјален полумаратон, покрај луѓето трчаа и роботи. Тоа се случи на полумаратонот во кинескиот Јизхуангу, каде на патеката од 21 километар се појавија и 21 роботи.
Роботите беа во различни облици. Имаше некои кои беа високи 120 сантиметри, но и такви кои беа и по 180 сантиметри. Сите роботи беа направени од кинеските компании „DroidUp“ и „Noetix Robotics“.
Некои од роботите носеа и шортцеви за трчање, други беа со женска физиономија. На крајот, најбрз меѓу роботите е Tiangong Ultra кој успеа полумаратонот да го истрча со време од два часа и 40 минути, што е многу послабо време од тоа со кое трчаа луѓето. Победникот на маратонот е атлетичар кој успеа да ја помине делницата од 21 километри са еден час и две минути.
По завршување на трката, кинеските компании кои ги произведуваат роботите беа задоволни од резултатите, иако се уште далеку од резултатите на луѓето кои трчаат.