Португалскиот десен бек Жоао Кансело по пауза од една и пол година може да се врати повторно во редовите на Барселона откако сезонава има мала минутажа кај Симоне Инѕаги во Ал-Хилал. Тој иако има договор со екипата од Саудиска Арабија до 2027 година, сепак сака што е можно поскоро да се врати во Европа и да конкурира за составот на Португалија за Светското првенство.
Барселона му нуди опција повторно да игра на „Камп ноу“, а Кансело нема ништо против такво нешто. Португалецот една сезона играше за Каталонците како позајмен од Манчестер сити и тогаш собра 42 настапи со ефект од четири гола и пет асистенции.
Шпанците сметаат дека Кансело одлично би се вклопил во формацијата на Ханси Флик бидејќи иако е десен бек, знае да се уфрли и офанзивно и сериозно да го загрози противничкиот гол.

