На повидок е формирање на БеНе лига, која ќе биде шеста најсилна во Европа

Белгиските фудбалски клубови едногласно ја подржуваат идејата за спојување на нивното првенство во холандското со што и официјално би започнала таканаречената регионална „БеНе лига“ која би имала 18 тима, по девет најдобри од Белгија и Холандија.

Според некои истражувања, таа заедничка лига би им донела на клубовите заработка од 400 милиони евра од ТВ права, и би се наметнала како шеста најсилна во Европа. Така, холандските Ајакс, ПСВ, АЗ Алкмар, Феенорд и другите би играле дербија не само меѓусебе, туку и со Андерлехт, Бриж, Генк, што би било интересно за публиката.

Холандските клубови уште немаат излезено со официјален став, но веројатно и за нив е прифатлива таква лига, па останува да се види како УЕФА ќе реагира и треба да се почека дали ќе се прифати најдобрите два тима од таа лига да влезат во Лигата на шампионите. Новата БеНе лига ги почнала од сезоната 2022/2023, а кои клубови ќе играат, би се одредило со пласман во белгиската и холандската лига во претстојната 2021/2022.

Планот е од БеНе да испаднат најслабите два тима, а националните купови би останале на сила како досега.

- Оглас -

Најнови вести