На повидок е грчка трагедија – Најтрофејниот клуб местел, ќе го селат во Втора лига

Најтрофејниот грчки фудбалски клуб Олимпијакос е блиску до преселба во Втората лига, поради местење натпревар во 2015 година, а можно е друштво да му прави и Атромитос. Под истрага се 15 лица, а на сопствениците на двата клуба, Евангелос Маринакис и Георгиос Спанос им се заканува и доживотна фудбалска забрана.

Олимпијакос, кој има 44 титули во Грција, убедливо најмногу оссите екипи го победил Атромитос со 2:1 во февруари 2015 година, но полека на површина излегоа матните работи. Атинското Радио ФМ открива дека се работи за фудбалска местенка во која се вмешани вкупно 15 лица.

Најпознат од нив покрај сопствениците на двата клуба е поранешниот тренер на Атромитос Рикардо Са Пинто. Португалецот во фудбалската кариера има одиграно 45 натпревари за националниот тим и постигна 10 гола, а беше член на Спортинг Лисабон, Реал Сосиедад и на Стандард Лиеж.

Беше член на португалската репрезентација што го загуби полуфиналниот меч на ЕП 2000 од Франција со 1:2 по продолженија, што е еден од највозбудливите дуели на големите натпреварувања во новиот милениум.

Ако се потврди дека и тој бил вмешан во скандалот, како што најави Радио ФМ, тогаш Са Пинто може да добие и затворска казна.

- Оглас -

Најнови вести