На повидок е нов спектакуларен трансфер, ниту Пол Погба не може да им одолее на петродоларите?

Пол Погба, актуелниот фудбалер на Јувентус, е најновото големо фудбалско име кое се поврзува со трансфер во Саудиска Арабија, и тоа во редовите на Ал-Итихад, пишуваат француските медиуми.

Зелено светло за трансферот даде и тренерот Нуњо Еспирото Санто, а Погба ако се договори со Ал-Итихад, би играл заедно со сонародниците Карим Бензема и Н’голо Канте, кои веќе потпишаа за саудискиот тим.

Французинот неколку дена престојувал во Џеда, Саудиска Арабија, на преговори со Ал-Итихад, а медиумите пишуваат дека понудата за Погба е 100 милиони евра плус бонуси за тригодишен договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести