Македонија води со 14-10 по првото полувреме на дуелот со Гвинеја од третото коло на ракометното Светско првенство во Вараждин.
Контроверзниот пораз од Холандија остави трага, и тоа заедно со неатрактивноста на противникот, придонесоа македонската селекција да тргне малку побавно, без енергијата која ја имаше на првите два меча. И публиката беше во нешто помал број, сето тоа придонесе да се мачиме во првите 30 минути од мечот на кој сме огромни фаворити.
Гвинеја поведе со 1-0 и 2-1, тоа беше првпат на ова СП тие да имаат резултатска предност, подоцна Македонија имаше негатива и од 6-7, и веднаш се виде дека нема да биде лесно да победиме ако не бидеме пофокусурани и ако не уфрлиме во поголема брзина.
Во последните десетина минути од првото полувреме раборите си дојдоа на свое место, Македонија почна малку да се одлепува, но предноста која ја има по 30 минути игра не гарантира победа, ќе треба да се помачиме во вториот дел за да дојдеме до целта, а тоа е победа и пласман во втората фаза.
Најефикасен македонски поединец во првиот дел е капитенот Кузмановски со 5 гола.