Жозе Мурињо е на тенок лед во Рома и наскоро може да добие отказ, а на негово место би можело да пристигне Антонио Конте.
Изминатиот викенд Рома со 2:0 го совлада Фрозиноне и скокна на 13-тата позиција на табелата во Серија А, но Португалецот не е сигурен дека ќе остане на клупата на Римската волчица, пишуваат италијанските медиуми.
Замена за Мурињо доколку добие отказ, по третпат ќе биде Антонио Конте. Првпат Конте го замени Мурињо во Челзи во сезоната 2015/16, а потоа и во Тотенхем.
Конте по разделбата со Тотенхем во март годинава, сè уште е без ангажман иако неговото име летово се поврзуваше со ПСЖ и со Јувентус.