На повидок изненадувачки трансфер, Ливерпул тргна по Федерико Кјеза

Ливерпул е единствениот клуб во топ 5 лигите во Европа кој летово уште нема купено ниту еден нов фудбалер, но Црвените подготвуваат „бомба“ во завршницата на преодниот рок.

Црвените денеска испратиле понуда за Федерико Кјеза, италијанскиот крилен напаѓач кој бара излез од Јувентус, а познато е и дека одлично говори англиски и сигурно е заинтересиран да заигра во Премиер лигата, и тоа во еден од најпопуларните клубови.

Интерес за Кјеза има и од Барселона, но Каталонците уште немаат преземено конкретен чекор и Ливерпул сака да го искористи тоа со првични контакти со агентите на 26-годишниот Италијанец, кој преферира да замине во клуб што настапува во Лигата на шампионите, затоа и ја одби Рома.

- Оглас -

Најнови вести