На повидок ли е трансфер? Димитриевски го преседе поразот на Рајо Ваљекано од Атлетик Билбао

Столе Димитриевски иако беше најавен во стартната постава, без никакво образложение беше оставен на клупата за средбата против Атлетик Билбао.

Македонскиот чувар на мрежата кој воедно е и прв голман во Рајо Ваљекано го гледаше од страна поразот на неговиот тим од 1:0.

Лука Зидан и овојпат застана меѓу стативите, а стрелец на единствениот гол беше Нико Серано во 30-та минута.

Навистина е чудна ваквата одлука на тренерот Андони Иралола, ако се знае дека до пред неколку недели Столе беше незаменлив на голот а со неговите настапи беше и прогласен за најдобар голман по првиот дел од сезоната.

Останува да се види дали ваквата одлука е поврзана со неговото евентуално заминување во Ал Наср од Саудиска Арабија или пак, пред самиот натпревар се здобил со некаква повреда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести