Баерн Минхен и Јувентус се многу блиску до мегатрампа во која би дошло до размена на едни од клучните играчи на двете екипи. Баварците силно го посакуваат Душан Влаховиќ од Јувентус, а клубот од Торино покажува интерес за Садио Мане, кој е на излезна врата од Баерн.
Германскиот и италијанскиот клуб се во одлични односи и лесно може да се случи размена на посочените фудбалери, со оглед на тоа дека Мане е незадоволен од престојот во Минхен и сака да си замине, а има активен договор до летото 2025.
На спротивната страна, Влаховиќ игра одлична сезона во Јувентус и се наметна како еден од лидерите на Старата дама.