Валенсија и Реал Мадрид одиграа нерешено 2:2 во меч кој имаше контроверзен крај. Домаќините на „Местаља“ водеа со 2:0, но Реал Мадрид не само што се врати и израмни на 2:2, Кралскиот клуб даде и трет гол за кои мислеа дека е победнички, но судијата им ја скрати радоста.
Главнито арбитар Манцано отсвири крај на средбата и тоа само неколку секунди пред Белингам да постигне гол со кој гостите помислија дека победија со 3:2. Откако судијата покажа дека мечот е завршен и дека голот е постигнат по крајот на средбата, фудбалерите на Реал Мадрид, незадоволни од одлуката, жестоко реагираа, па Белингам заработи и црвен картон.
На социјалните мрежи се појавија и други детали околу спорни ситуации за мечот одигран на „Местаља“. Се работи за акцијата по која Реал Мадрид израмни на 2:2 во 76 минута. Винисиус јуниор даде гол, а арбитарот чекаше потврда од ВАР собата дека нема офсајд, за да го признае погодокот.
Според покажаните и обележани линии за тоа каде се нозете на Белингам и домашниот дефанзивец, се гледа дека линијата покажува како играчот на Реал Мадрид е поблиску до противничкиот гол, односно дека е во офсајд за неколку милиметри. Сепак, од ВАР собата сигнализираа дека погодкот на Белингам е регуларен, иако по фотографиите кои се прикажуваат на социјалните мрежи, се гледа дека ситуацијата е поинаква.
На крајот, Валенсија и Реал освоија по еден бод, а мечот ќе се памти како еден од најконтроверзните сезонава.
❌El VAR volvió a sacar a pasear sus líneas de brocha gorda en el Valencia – Real Madrid.
En la jugada del segundo gol del Madrid había un fuera de juego milimétrico de Vinicius.
📺Análisis de la posición del brasileño teniendo en cuenta la curvatura de la línea de fondo. pic.twitter.com/D1UxXdYtKD
— Football Offsides (@FutOffsides) March 2, 2024