На повидок скандал во НБА: Првиот пик на драфтот ќе го одбере тим кој имаше само еден отсто шанса да избере прв

Далас имаше шанси од 1,8 отсто пред почетокот на НБА-драфтот да го добие првото место и потенцијална долгорочна замена за Лука Дончиќ, и токму тоа се случи.

Сепак, нивниот прв избор предизвика едно од најголемите бранувања меѓу навивачите на социјалните мрежи, кои тврдат дека целиот драфт бил наместен и дека ова е еден од најголемите срамови во историјата на НБА.

Откако ја продадоа последната суперѕвезда што ја избраа, Лука Дончиќ, Далас има можност повторно да избере ѕвезда која ќе биде камен-темелник во годините што доаѓаат.

Првиот избор на драфтот речиси сигурно ќе биде Купер Флег, кој заедно со Ентони Дејвис и Кајри Ирвинг ќе формираат моќно трио во франшизата на Тексас.

Она што дополнително ги разбесни навивачите е кој ги има вториот и третиот избор на НБА-драфтот бидејќи тоа не се тимови кои со години биле лоши, а имале најдобри шанси, туку сосема спротивното.

Вториот избор ќе оди кај Сан Антонио спарс, кои немаа најлош настап, додека третиот избор отиде кај Филаделфија 76-ерс, кои ќе добијат можност да додадат уште една млада ѕвезда во својот тим со Џоел Ембид и Тајрис Макси.

Шарлот хорнетс, кој го добија само четвртиот пик, Јута џез и Вашингтон визардс со најлоши коефициенти не се ни блиску до првиот пик.

Дури и Леброн Џејмс се потсмеваше на синоќешниот драфт и испрати јасна порака преку „Твитер“.

„Лејкерси го добиваат Ентони Дејвис од Пеликанс, Пеликанс го добиваат првиот пик и Зајон Вилијамсон.“

„Лејкерси сега го добиваат Лука Дончиќ, а Маверикс го добиваат првиот пик и Купер Флег“, напиша еден корисник, кој очигледно веднаш доби теорија на заговор.

- Оглас -

Најнови вести