Некогашниот англиски премиерлигаш Ридинг е во опасност да му бидат одземени бодови. Клубот кој моментално е дел од Чемпионшип, веќе доби парична казна поради административни неправилности, а сега му се заканува и одземање на бодови.
Според медиумите во Англија, на Ридинг може да му бидат одземени шест бода од актуелното салдо, што значи дека од сегашните 46 бода, ќе падне на 40. Со еден таков расплет, Ридинг ќе биде само на еден бод од зоната за испаѓање, што значи дека клубот ќе биде во опасност да испадне во третата лига.
Ридинг не е првиот клуб во Англија кој се соочува со казна во тековната сезона. Во чемпионшип, Виган веќе е казнет со три бода и фенерџијата сега има 34.