На прашањето Фергусон или Гвардиола, Мурињо одговори – Раниери!

Жозе Мурињо, еден од најдобрите тренери во светот, гостуваше во поткастот на неговиот поранешен фудбалер Џон Оби Микел. Нигериецот имаше неколку многу интересни прашања за Мурињо, а особено се издвојуваше прашањето за тоа кој, според него, е најдобриот тренер во светот.

Џон Оби Микел претпостави дека Мурињо ги преферира Сер Алекс Фергусон и Пеп Гвардиола, па му постави прашање поврзано токму со нив двајцата.

Џон Оби Микел го праша Мурињо кој, според него, е подобар тренер – Фергусон или Гвардиола.

„Ферги или Пеп? Не можете да ги споредувате. Не можете да споредувате две различни генерации или нивниот потенцијал. За Премиер лигата, двајцата се историски фигури. Но, за мене, најголемата историска фигура во Премиер лигата е Клаудио Раниери. Човекот стана шампион со Лестер. Тоа беше најголемото нешто што некогаш можеше да се случи во историјата на Премиер лигата“, рече Мурињо и продолжи:

„Освојувањето на пет или шест трофеи со Манчестер јунајтед или шест или седум трофеи со генерацијата што ја има Манчестер сити е одлично, но Раниери и неговата работа со Лестер – тоа не може да се спореди. Тоа е најголемото освојување на лига во мојот живот“, јасен беше Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести