На прогнозерите им е јасно: Ќе нема победник на Наполи – Интер, што прогнозирате вие?

До 15:30 часот имате време да ги дадете вашите фиксови на Спортска прогноза за ова коло и да влезете во игра за освојување на мобилен телефон Ајфон 12. Вкупно 13 меча се на понудата за овој викенд, а денеска се играат дури седум меча.

Возбудувањата ќе започнат со дуелот гројтер Фурт – Херта, а три четвртини од прогнозерите очекуваат триумф на гостите. Од сите мечеви кои се играат денеска, најинтересно ќе биде како ќе заврши дербито во Серија А меѓу Наполи и Интер.

Дури 42 отсто од прогнозерите очекуваа да нема победник во Неапол, а речиси израмнети се шансите за освојување на трите бода. За Наполи се 28 отсто, а триумф на Интер чекаат 29 отсто.

Доколку уште не сте прогнозирале, искористете ја вашата шанса и прогнозирајте веднаш.

- Оглас -

Најнови вести