18.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

На просечен човек му требаат 150 години за тоа што Меси го направил за три месеци

Приватниот авион на Лионел Меси само во последните три месеци имал 52 лета, што предизвикало ослободување на јаглероден диоксид (CO2) во вредност од која просечен човек ја остварува на авионски патувања во 150 години.

Меси користи луксузен млазен авион вреден 15 милиони евра, а често со тој авион патуваат и членовите на неговото семејство, но и пријателите. Реномиранот француски весник „Лекип“, објави сторија во која се вели дека авионот на Меси за само три месеци испуштил CO2 колку што на еден просечен човек со летање на авион би ги направил за 150 години.

Според пресметките, авионот на Меси од 1 јуни до 31 август имал 52 патувања низ целиот свет. Авионот кој има кујна, два тоалета и нуди голем комфор, има капацитет од 16 особи.

- Оглас -

Најнови вести