Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Србија, а сега активист и активен антивладин протестант, Владимир Штимац, беше уапсен синоќа во Белград.
Како што може да се види на снимките објавени на социјалните мрежи, Штимац е уапсен пред зградата на РТС.
Инаку, српското Министерство за внатрешни работи кратко по 2 часот наутро објави дека привело 37 лица кои, како што велат, учествувале во нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување инциденти пред Собранието.
Според некои српски медиуми, Штимац бил уапсен по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград поради „повикување на насилна промена на уставниот поредок и поттикнување на насилно однесување на спортски настан или јавен собир“.

